EU Info
Општество

Фон дер Лајен ќе ја посети земјава

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен до крајот на месецов ќе ја посети земјава, додека францускиот претседател Емануел Макрон изразил желба да го стори истото, но не се знае точно кога би се случило.

-Претседателот Макрон изрази желба дека во делот на неговите посети ќе биде и нашата држава. Со него имав неколку средби и ако погледнете во делот на поддршката од Франција, да не заборавиме дека и нашиот предлог за преговарачката рамка е во времето на француското претседателство. Од курсот на Франција се гледа дека е за проширување на ЕУ во овој геополитички момент во Европа, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Фон дер Лајен последен пат беше во Северна Македонија во октомври минатата година, во контекст на војната во Украина и енергетската криза, а целта беше да му се пренесе на регионот дека тој е важен за Европската Унија.

Претходно претседателката на ЕК беше во земјава на 14-ти јули лани пред прифаќањето на францускиот предлог-преговарачка рамка на Македонија со ЕУ. Во обраќањето пред пратениците во Собранието, таа истакна дека со европскиот предлог не се загрозуваа македонскиот идентитет, историја, јазик и култура.

Иако точно не се знае целта на нејзината посета, претпоставките се дека доаѓа да убедува за уставните измени за кои се противи македонската опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани објави

Пад на увозот на енергенси во ЕУ на годишно ниво

EUinfo

Истражување за задоволството на Европејците од квалитетот на животот во нивните градови: Скопјани меѓу најнезадоволните

EUinfo

Германскиот „Рајнметал“ доби 130 милиони евра од ЕУ за зголемување на производството на муниција

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info