EU Info
Општество

Италија забрани производство и продажба на „култивирано месо“

Италија го забрани производството и продажбата на „култивираното месо“, наведувајќи ги здравствените проблеми и потребата да се заштитат сточарите, дури и ако производот сè уште не е одобрен за продажба во ЕУ.

Во четвртокот, Италија стана првата земја во Европската унија што го забрани „култивираното месо“, произведено во лабораторија од клетки од животинско ткиво.

Законот за ова, кој го одобри Парламентот со закана со високи казни, забранува и опишување на протеините од растително потекло како „месо“.

Многу компании ширум светот продаваат „алтернативи за месо од растително потекло“ кои се рекламираат како решение за етичките прашања околу индустриското земјоделство и решение за животната средина, бидејќи сточарството е една од главните причини за емисиите на стакленички гасови.

Продажбата на „култивирано месо“ во моментов е дозволена во Сингапур и во САД, но не и во ЕУ, иако европските компании собраа средства за финансирање на истражување за тоа. ЕУ го смета „одгледуваното месо“ за „нова храна“ и како такво, како и секој нов производ, треба да добие одобрение за ставање во промет.

Италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида рече дека „култивираното месо“, „го раскинува благородниот однос меѓу земјата, човекот и работата што нè придружуваше со милениуми и ни овозможи да ја обработуваме земјата“.

Италијанската невладина „Меѓународна организација за заштита на животните“ смета дека новиот закон е непотребен „бидејќи “култивираното месо’, сè уште не е одобрено за човечка исхрана во Европа и затоа не може да се пласира на пазарот“.

Поврзани објави

ЕК предлага речиси 120 милиони евра за земјоделците во ЕУ жртви на временски непогоди

EUinfo

Тинк-тенк извештај: ЕУ мора да го преиспита начинот на водење на надворешната политика

EUinfo

Мекалистер: Државите од Западен Балкан кои стагнираат нема да добијат пари од новиот фонд на ЕУ

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info