EU Info
Политика

Француската екстремна десница води во анкетите на три месеци пред изборите за Европскиот парламент

Француската екстремно десничарска партија Национален собир води во анкетите за претстојните избори за Европскиот парламент, со 12 отсто разлика во однос на владејачката коалиција на „Ренесанса“, покажува анкетата што вчера ја објави интернет телевизијата BFMTV .

Екстремната десница, чија листа ја предводи младиот Џордан Бардела, би добила 29,5 отсто од гласовите, а центристичката коалиција „Ренесанса“ на францускиот претседател Емануел Макрон би добила 17 отсто.

Според резултатите од анкетата на групата Елаб за BFMTV и на весникот „La Tribune du dimache“, останатите партии нема да го надминат изборниот праг од 10 отсто.

Еколошката партија би добила 9,5 отсто, Социјалистичката партија 8,5, а радикално левичарската „Непокорена Франција“ 7,5.

Што се однесува до десницата, Републиканската партија би добила седум отсто од гласовите, а екстремно десничарската листа предводена од Марион Маречал би добила 4,5 отсто.

Според истражувањето, 50 отсто од Французите се заинтересирани за изборите за ЕП закажани за 9 јуни, а најголема грижа им е војната во Украина.

Околу 65 отсто од Французите се загрижени дека војната во Украина може да се прошири и во нивната земја.

По неодамнешната изјава на Макрон дека не е исклучена можноста за испраќање западни војници на украинска територија, 79 отсто од Французите гласаа против предлогот.

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од малку над 1.500 возрасни испитаници, од 5 до 7 март.

Поврзани објави

Шарл Мишел ќе се кандидира за европратеник

EUinfo

Почнува Годишната конференција на евроамбасадорите

EUinfo

За изборите за Европскиот парламент во Хрватска се потрошени 9,2 милиони евра

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info