EU Info
Општество

Франција стана првата земја која го гарантира правото на абортус во Уставот

За време на церемонијата што се одржа на плоштадот Вендом, денеска, на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, беше ставен печатот на Француската Република на амандманот кој го вклучи правото на абортус во Уставот на земјата.

За време на својот говор, францускиот претседател Емануел Макрон им оддаде почит на неколку парламентарци, меѓу кои и Матилда Пано и Мелани Фогел, и повика правото на абортус да биде вклучено во Повелбата за основните права на ЕУ.

– Надвор од Европа, ќе се бориме ова право да стане универзално и ефективно, рече Макрон.

Тој истакна дека ставањето печат на законот денеска претставува долга борба за слобода.

Аплауз го исполни Плоштадот Вандом, бидејќи Франција стана првата земја која експлицитно го гарантира правото на абортус во нејзиниот Устав.

Француските пратеници со големо мнозинство ја одобрија мерката претходно оваа недела, а денешната церемонија значи дека мерката сега е на сила.

Француските пратеници во понеделникот го одобрија уставниот амандман со 780 гласа „за“ и 72 гласа „против“, а го поддржаа многу пратеници од екстремната десница.

Анкетите покажуваат дека околу 80 отсто од граѓаните го поддржуваат правото на абортус во Франција.

Поврзани објави

Стратегија на ЕИБ за справување со современите предизвици

EUinfo

Мадрид ги протерува изнајмувачите на електрични тротинети

EUinfo

„Амазон“ ќе ја прошири услугата за испорака со дронови на пазарот во Европа

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info