EU Info
Политика

Мецола: Европејците сакаат посилна, поправедна и подобра Европа за сите

Две недели по Европските избори станува појасно дека граѓаните во следните пет години очекуваат од институциите на ЕУ да изградат посилна, поправедна и подобра Европа за сите Европејци, изјави претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола на прес-конференција по нејзиното учество на Самитот на Унијата.

Предизвикот сега е како тие пораки од изборите да се претворат во политичка програма, која ќе биде сериозна, испорачлива и спроведлива, истакна Мецола

Според неа, изборните резултати покажале дека Европејците сакаат заштита на европските вредности и безбедноста да бидат главен приоритет на ЕУ, што ќе значи продолжување на поддршката за Украина, зајакнување на капацитетите на Унијата за реакција во кризни ситуации и остварување стратешка автономија на блокот.

Мораме Европа да ја доближиме до она што го очекуваат граѓаните и да испорачаме посилна, поправедна и подобра Европа за сите Европејци. ЕУ мора да испорачува согласно очекувањата на граѓаните. Одговорноста е на нас, ако не испорачаме, ќе зајакнуваат оние што сакаат да ја уништат ЕУ, изјави Мецола, нагласувајќи дека тоа е пораката што таа ја сфатила од изборните резултати и растот на поддршката на десничарските и евроскептичните сили.

Поврзани објави

Министрите за внатрешни работи на ЕУ дебатираат за справување со влијанието на војната

EUinfo

Европарламентот усвои Извештај со кој бара укинување на ветото при гласањето за проширување на ЕУ

EUinfo

Нема француско-германски судир, тврди шефот на француската дипломатија

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info