EU Info
Општество

ЕК ги ревидираше упатствата за правата на патниците во воздушниот сообраќај

Европската комисија денеска објави ревидирани упатства за правата на патниците во воздушниот сообраќај, што треба да го олесни нивното усогласување со прописите и да помогне во нивно спроведување од страна на националните тела.

Ревизија пред се се базира на пресудите на Европскиот суд на правдата со кои се појаснуваат одредени одредби и се овозможува поефикасно и доследно спроведување на правилата, но додаден е и нов дел поврзан со доцнења и одлагања летовите, како и за правата на лицата со попреченост и со намалена подвижност при патување со авион.

Според ЕК, денешните ревидирани упатства треба да помогнат да се подобри имплементацијата на правата при патување со авион, како и да им се објаснат на патниците потребните постапки во остварување на нивните права и обезбедување соодветна помош, вклучително и преку редовни онлајн кампањи за подигање на свеста и промовирање на мобилни апликации за правата на патниците.

Денешните упатства доаѓаат заедно со резултатите од новото истражување на Евробарометар, кое покажува дека повеќето Европејци чувствуваат дека немаат доволно информации за нивните права како патници, иако свесноста за нив е зголемена во споредба од пред пет години.

– Резултатите покажуваат дека испитаниците најверојатно се чувствувале добро информирани за правата на патниците за патување со воз (33 отсто), потоа со авион (30 проценти), со автобус (27 отсто) и на крај со брод или ферибот (16 проценти). Истражувањето исто така покажува дека 84 отсто од испитаниците кои побарале помош за лица со попреченост или намалена подвижност биле задоволни од реакцијата на нивното барање, се наведува во соопштението на ЕК.

Според анкетата, 35 отсто од патниците се информирале за нивните права, што е за 13 процентни поени повеќе отколку во 2019 година.

Во соопштението се додава и дека ЕУ е единствената област во светот каде што патниците се заштитени со целосен сет на права – без разлика дали патуваат со авион, воз, брод или автобус.

– Правата на патниците се засноваат на три темели: недискриминација, точни, навремени и достапни информации и непосредна и соодветна помош. Оваа заштита е единствена во светот, посочува Еврокомисијата.

Поврзани објави

Во Франција почнува експеримент со носење униформи во училиште

EUinfo

Образовни реформи во Шведска: Децата ќе одат во училиште од шест години

EUinfo

ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info