EU Info
Политика

Шикорски: ЕУ треба да им ја ускрати помошта на украинските бегалци кои избегнуваат да си ја бранат земјата

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски денеска апелираше до членките на Европската унија да престанат да плаќаат социјална помош за украинските бегалци, особено за мажите кои се кријат од регрутација и мобилизација во Украина.

– Не треба да има финансиска корист за избегнување на регрутирањето во Украина. Социјалната помош за избегнување служење на татковината не е човеково право, изјави Шикорски за Полското радио.

Тој смета дека укинувањето на социјалната помош за Украинците, бегалци кои се доволно стари за воен рок, ќе биде корисно и за ЕУ ​​и за Украина.

– Тоа е практична идеја која би им помогнала на западноевропските јавни финансии, политички би им помогнала на традиционалните партии во борбата со радикалната десница и би ѝ помогнала и на Украина, рече Шикорски.

Многу украински бегалци од мај годинава останаа без валидни документи во земјите во кои побараа засолниште од руските напади, бидејќи властите во Киев инсистираат да ја регулираат воената обврска и не им издаваат нови документи додека не го сторат тоа.

Меѓутоа, повеќето од земјите што ги примија одбиваат активно да и помогнат на Украина да ги мобилизира бегалците и продолжуваат да им даваат привремено засолниште и да им исплаќаат социјална помош на сите оние кои имаат право на тоа.

Поврзани објави

Официјална инаугурација на белгиското претседателство со ЕУ

EUinfo

Номинираниот еврокомесар за внатрешни работи најавува можно тројно зголемување на припадниците на Фронтекс

EUinfo

Неформален дводневен Самит на ЕУ во Будимпешта

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info