EU Info
Општество

Растот на платите во еврозоната забавува, работодавачите ги намалија додатоците

Растот на платите во еврозоната забавува бидејќи работодавачите ги намалуваат бонусите, покажа истражувањето на Европската централна банка (ECB) објавено во средата, надоврзувајќи се на проценките на банката дека инфлацијата треба да се намали во услови на рестриктивна монетарна политика којашто ги закочи потрошувачката и инвестициите.

Работодавачите неодамна почнаа да ги намалуваат надоместоците за прекувремена работа и додадотиците за да ги приспособат платите на инфлацијата, па разликата меѓу договорениот и исплатениот износ е намалена, заклучуваат авторите на студијата. Тоа веројатно е знак дека ќе се намалат притисоците што го поттикнаа растот на потрошувачките цени, забележуваат тие.

„Во процесот на забавување на инфлацијата, стигнавме до точка кога притисокот на платите врз растот на потрошувачките цени почна да слабее“, објаснуваат оттаму.

Според нив, тоа значи и дека ECB уште еднаш ќе го насочи својот фокус на договорените износи на платите при креирањето на монетарната политика. Во периодот од април до јуни договорените плати се зголемени во зоната на примена на заедничката европска валута за 4,3 отсто, покажуваат податоците на ECB.

Во првите три месецa од годинава тие пораснале за 4,7 отсто. Нивниот раст во пролетниот квартал, сепак, беше посилен отколку што би било потребно за да се намали стапката на инфлација на два отсто, но ECB сепак проценува дека растот на цените ќе ослабe и ќе го достигне целното ниво во втората половина на следната година.

На седницата во септември, ECB заклучи дека ја ограничила домашната потрошувачка со рестриктивна монетарна политика, намалувајќи ја проценката за раст на економската активност годинава на 0,8 отсто. Во 2025 година, според нивните проценки, економската активност би требало да забрза само малку, со прогнозирана стапка на раст од 1,3 отсто.

„Притисокот на трошоците за работна сила се намалува, а приходите на компаниите делумно го амортизираат влијанието на повисоките плати врз инфлацијата. Условите за финансирање се сè уште рестриктивни, а економската активност е пригушена, што ја одразува слабата лична потрошувачка и инвестиции“, се наведува во соопштението.

Поврзани објави

Холандија потроши над 166 милиони евра за последиците по соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

EUinfo

ЕК ги ревидираше упатствата за правата на патниците во воздушниот сообраќај

EUinfo

Македонија со најниски плати и најбрз раст на цени во регионот

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info