EU Info
Политика

Мелони го покани Ердоган да ја посети Италија на меѓувладина средба

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го покани турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ја посети Италија во првата половина на 2025 година на нов меѓувладин состанок меѓу Италија и Турција, јави Анадолија.

„Во вчерашниот телефонски разговор, Мелони и Ердоган се фокусираа на билатералните односи, нагласувајќи ја важноста од продолжување на работата за понатамошно консолидирање на одржливиот раст во трговијата“, се вели во соопштението на италијанската Влада.

Мелони го потврди правото на Израел да се брани, но ја истакна и потребата од зголемување на хуманитарната помош за цивилите погодени од тековните конфликти на Блискиот Исток.

Италијанската премиерка и турскиот претседател ја истакнаа и заедничката посветеност на повиците за прекин на огнот во Газа и Либан.

„Мелони ја истакна клучната улога на (мисијата на ОН во Либан) УНИФИЛ и потребата безбедноста на оваа мисија да биде постојано гарантирана“, се додава во соопштението на италијанската Влада.

Според соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, пак, Ердоган го пофалил одговорот на Рим на агресијата на Израел во регионот, подвлекувајќи ги решителните напори на Турција за мир на Блискиот Исток.

Тој, исто така, и кажал на Мелони дека поддршката од Рим ќе ја зајакне позицијата на Анкара во напорите во Обединетите нации да ја запре продажбата на оружје на Израел.

„Претседателот Ердоган ја истакна важноста на меѓународната заедница да дејствува заедно за да се запре израелската агресија и дека поддршката на Италија за иницијативата на Турција на ОН за запирање на продажбата на оружје на Израел ќе ги зајакне овие напори“, се наведува во соопштението.

Турскиот претседател рече дека нападите на Израел врз палестинските територии, вклучително и Газа, како и нападите врз Либан и тамошните мировни сили на ОН се неприфатливи.

Израел започна голема воздушна кампања во Либан од минатиот месец против цели на Хезболах.

Поврзани објави

Есенски самит на ЕУ утре и задутре – фокус на Блискиот исток и Украина

EUinfo

Зубер: ЕК побара детали за договорот за снабдување со гас на Бугарија преку Турција

EUinfo

Дванаесет европратеници со писмо до Фон дер Лајен бараат оставка или разрашување на Вархеи

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info