EU Info
Политика

Холандската влада воведува построги мерки за азилот и контроли на границите

Холандија почнува да ги заострува законите за азил и планира во ноември да воведе гранични контроли, но нема да прогласи вонредна состојба за која се залага десничарскиот лидер Герт Вилдерс.

Вилдерс, чија партија освои најмногу гласови на изборите во ноември 2023 година, својот поостар став го објави вчера преку соопштение на мрежата X.

„Нема да има вонредна состојба, но веднаш ќе има построги мерки. Навистина сум среќен поради тоа“, објави Вилдерс на X.

Коалициските партнери со месеци дебатираат за построги правила за добивање азил во земјава. Вилдерс се надеваше дека ќе прогласи вонредна состојба за да спроведе строги мерки без одобрение од парламентот. Другите партии не се согласија, тврдејќи дека нема правна основа за тоа.

Според предложените мерки, статусот на барател на азил ќе важи најмногу три години во иднина. Коалицијата си постави за цел да ги врати сириските бегалци и да прогласи барем делови од Сирија за безбедни.

Оние кои добиле статус на бегалец во Холандија ќе имаат помалку права во врска со сместувањето.

Бројот на баратели на азил во земјата се стабилизира на околу 40.000 годишно. Но, тешко им е да најдат сместување, што делумно е резултат на кратењето на буџетот, а делумно и општата намалена понуда за сместување во Холандија.

Поврзани објави

ЕУ од четврток воведува царини до 35 отсто за електрични автомобили од Кина

EUinfo

Борел и Шуица: Мора да работиме на зајакнување на демократиите и потиснување на обидите за нивно уништување

EUinfo

Рекордната излезност на полските парламентарни избори го трасира патот за про-ЕУ влада

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info