Нон-пејпер (неформален документ) циркулира во Европскиот парламент, како иницијатива на известувачот Томас Вајц – за целосно расчистување на нејаснотиите со Протоколот со Бугарија. Документот, до кој дојде ТВ 24, преку 7 точки го образложува барањето поврзано со амандманот 108 за извештајот за Македонија и ги повикува политичките групи да обезбедат најширока поддршка за негово усвојување во Комитетот за надворешна политика (AFET) во мај.
– Доколку протоколот содржи идентитетско-политички услови (толкувања на историјата, лингвистичка класификација, содржина на учебници), ова може да биде во конфликт со заштитата на македонскиот национален идентитет и јазик што самата ЕУ постојано го признава.
Ниедна друга кандидатура за пристапување не е оптоварена со споредливи барања за идентитетско-политички прашања од една земја-членка. Ова го поставува прашањето дали структурниот диференцијален третман на земјите-кандидатки во процесот на пристапување е компатибилен со општиот принцип на еднаквост, стои во документот.

Во нон-пејперот се објаснува дека Протоколот се појави во контекст на како што пишува – таканаречениот „француски предлог“ . Стои и дека во земјава се покренати постапки пред Уставниот суд, а се наведени и ризиците од одлуката на правната служба на Советот на ЕУ.
– Иницијативата на известувачот Вајц е правно прецизна и политички значајна.Стратегијата што се спроведува досега – стабилизирање на политички компромис врз правно несигурни темели – носи ризик од трајна структурна моќ: протоколот ѝ обезбедува на Софија во секое време инструмент што може да го повика како аргумент за „недоволен напредок“, додека рамката не содржи временско ограничување за тоа колку долго можат да се поднесат такви забелешки, стои во документот.
Пред два дена бугарската претседателка Јотова свика итен состанок со бугарските европратеници и порача дека е потребна поактивна координација и ангажман на сите институции во државата за заштита на бугарските позициии.
Јотова најави офанзива во Брисел и против укинување на ветото во ЕУ.
