EU Info
Регион

Финален настан на „ЕУ за општините“

Финален настан на ЕУ-финансираната програма „ЕУ за општините“ (EU4M) ќе се одржи денеска во Националната опера и балет во Скопје. Ќе бидат доделени признанијата за општинска извонредност на ЕУ програмата „ЕУ за општините“ (EU4M Municipal Excellence Label“ – EUMEL), наменети за општини и плански региони за нивните постигнувања во повеќе области, вклучително и управување со проекти финансирани од ЕУ, зголемување на сопствените приходи, финансиско управување, прекугранична соработка, отпорност, развој на туризам и зајакнување на административните капацитети.

Тимот на „ЕУ за општините“ најави дека на настанот ќе се обратат амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, министрите за европски прашања, Беким Сали, за локална самоуправа, Златко Перински и за култура и туризам, Зоран Љутков, како и заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Во изминатите шест години, преку ЕУ-финансираната програма „ЕУ за општините“ обучени се 1 500 претставници од општините и планските региони, додека 27 обучувачи се (ре)сертифицирани, со што се обезбедува долгорочно јакнење на внатрешните капацитети на институциите на локално ниво. Воспоставен е национален Helpdesk систем кој обезбедува континуирана поддршка, додека програмата директно ги поддржа сите 81 општина во државата, обезбедувајќи целосна национална покриеност и позитивен импакт. Дополнително, реализирани се 8 ЕУ-финансирани грант проекти од страна на општините кои носат конкретни и граѓански ориентирани резултати на локално ниво.

„ЕУ за општините“, исто така, придонесе за зајакнување на регионалната соработка, преку поддршка на 11 општини во формирањето на Организацијата за менаџмент на дестинации (ДМО) во Повардарскиот регион. Паралелно, преку студиски посети и партнерства беа воспоставени врски со повеќе од шест земји членки на Европската Унија, вклучително Германија, Франција, Грција, Шпанија, Белгија и Латвија.

– Во делот на поддршка за учество во ЕУ програми, постигнати се дополнителни значајни резултати. Вкупно 274 ЕУ-финансирани Интеррег проекти вклучуваат партнери од Северна Македонија (општини и плански региони), со поддршка обезбедена преку „ЕУ за општините“ во форма на обуки и практична експертиза. Дополнително, регистрирани се 78 Интеррег проекти од тип Б и Ц со учество на партнери од земјата, што претставува значителен напредок во споредба со состојбата од пред две години, кога вакви проекти не беа реализирани. Покрај тоа, реализирани се и 88 прекугранични проекти со соседните земји, во кои учествуваат општини од Северна Македонија, дополнително зајакнати преку поддршката на „ЕУ за општините“ за подготовка на проекти и развој на регионална соработка, се вели во најавата за настанот.

Поврзани објави

Дигитализација на малите и средни претпријатија од Западниот Балкан

EUinfo

Ковачевски-Вархеји: Македонија има неповторливата шанса за придвижување напред

EUinfo

Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info