EU Info
Политика

Белгискиот премиер со став дека ЕУ треба да почне преговори со Русија за окончување на војната во Украина

Белгискиот премиер, Барт де Вевер, ја поддржува идејата Европска Унија да започне преговори со Русија за ставање крај на војната во Украина, објавија локални медиуми.

Де Вевер, по состанокот на Европски совет одржан во Кипар кон крајот на минатата недела, изјавил дека таквиот став го споделуваат се поголем број негови колеги.

Според него, со одобрувањето на заем од 90 милијарди евра за Киев, ЕУ покажала дека ќе продолжи со поддршката за Украина и дека Русија не може да победи во војната.

„Ќе продолжиме со целосната поддршка за Украина, но не можеме да дозволиме таа војна да трае уште со години, со толку човечки страдања – луѓето стануваат жртви попусто“, изјавил Де Вевер.

Тој нагласил дека Европа треба да каже „доста со ова лудило“ што веќе четири години не води никаде, додавајќи дека таквото размислување се почесто се појавува меѓу лидерите на земјите-членки на ЕУ.

Де Вевер исто така оценил дека во краткорочен план членството на Украина во ЕУ не е остварливо и оти нема да има „брза патека“ за пристапување. Сепак, ја поддржал идејата за започнување суштински преговори со Киев, напоменувајќи дека таквите процеси понекогаш траат со децении и дека Украина треба да добие можност за постепено приклучување.

Поврзани објави

Постигнат коалициски договор за формирање влада на Шпанија

EUinfo

Шенген воведува дигитална контрола

EUinfo

Орбан: Унгарците ќе одлучуваат за својата влада, а не Брисел

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info