EU Info
Политика

Мерц: Украина можеби ќе мора да отстапи територија за патот кон ЕУ

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денеска изјави дека Украина во евентуален иден мировен договор со Русија би можела да биде принудена да прифати губење на контрола врз дел од својата територија, директно поврзувајќи ги таквите отстапки со нејзините изгледи за членство во Европската унија.

„Во еден момент Украина ќе потпише договор за прекин на огнот, а се надеваме и мировен договор со Русија. Тогаш би можело да се случи дел од украинската територија повеќе да не биде украинска“, изјави Мерц за време на разговор со ученици во германскиот град Марсберг.

„Ако претседателот Зеленски сака тоа да му го претстави на својот народ и да добие поддршка од мнозинството, и ако за тоа треба да се одржи референдум, тогаш истовремено мора да му порача на народот: ‘Ви го отворив патот кон Европа’“, додаде тој.

Мерц, сепак, предупреди дека брз влез на Украина во ЕУ не е реален, истакнувајќи дека земјата не може да стане членка додека е во војна и додека не ги исполни строгите критериуми, особено во делот на владеење на правото и борба против корупцијата.

„Идејата на Зеленски за влез во ЕУ на 1 јануари 2027 година нема да се оствари. Дури ни 1 јануари 2028 не е реален датум“, рече Мерц.

Како преодно решение, тој предложи Украина да добие набљудувачка улога во институциите на ЕУ, додавајќи дека за таа идеја добил широка поддршка од европските лидери на самитот на Кипар.

Во меѓувреме, Европската унија ѝ одобри на Украина заем од 90 милијарди евра, со што се покрива најголем дел од нејзините финансиски потреби до крајот на 2027 година, пренесе „Ројтерс“.мерц

Поврзани објави

Спасовски и Гомез: Заеднички заложби за одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција

EUinfo

Раководството на партијата Алтернатива за Германија го избра Алис Вајдел за свој кандидат за канцелар

EUinfo

Подготовките за претстојниот Самит на ЕУ и борба против антисемитизмот главни теми на ГАК

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info