EU Info
Политика

ЦЕЛИОТ МАЈ ПОСВЕТЕН НА ЕВРОПА: ВЛАДАТА ЈА ПРОМОВИРА ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕУ

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го означи почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“, на настан на кој присуствуваа амбасадори на европски земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции.
Со оваа иницијатива, Владата има за цел месец мај да го претвори во поширока платформа за промоција на европската интеграција, надминувајќи го традиционалното одбележување на Денот на Европа на 9 мај.

Во своето обраќање, министерот Сали нагласи дека кампањата е насочена кон приближување на процесот на европска интеграција до граѓаните, со посебен акцент на конкретните придобивки од членството во Европската Унија. Меѓу нив се наведуваат поголеми можности за младите, развој на инфраструктурата и поддршка на локалната економија.

Во текот на месецот мај ќе бидат организирани различни активности, како и презентации на успешни проекти поддржани од Европската Унија, кои веќе имаат директно влијание врз подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Кампањата се реализира како заедничка иницијатива на Владата во соработка со граѓанскиот сектор, универзитетите, бизнис-заедницата и културните институции, со цел процесот на европска интеграција да стане повидлив и поразбирлив за јавноста.

Поврзани објави

Европарламентот ќе ги соопшти добитниците на наградата „Сахаров“ за 2023 година

EUinfo

СТА: Марта Кос доби зелено светло од ЕП за нов комесар за проширување

EUinfo

Локални избори во Белгија: Левицата води во Брисел и Валонија, десницата во Фландрија

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info