EU Info
Политика

СВЕТОТ ОДИ НАПРЕД СО ДАТА ЦЕНТРИТЕ И ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Опозицијата нека продолжи со талогот и политичкото мочуриште

Нашата опозиција, не само што се однесува неодговорно кон економијата, кон државата, кон граѓаните, туку е изолирана со уште неколкумина во светот во ова да се борат силно против центрите за податоци или во јавноста познати како дата-центри, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Последен е оној твит на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се обраќа до онаа група на граѓани на САД кои се противат на развојот на оваа индустрија. Многу е јасно каде оди светот и овој процес е неповратен. Секогаш кога ќе појдете на исток,посебно во тие азиски земји, кога ќе видите хуманоидни роботи, кога ќе видите како таму функционираат сообраќајните решенија, кога ќе се соочите со тие предизвици, тогаш се враќате овде со воодушевување. А кога овде Владата ќе каже ајде и ние да направиме нешто, тогаш сте против. Тие нека си продолжат со својот талог и со своето политичко мочуриште, а ние знаеме каде ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и кон иднина, барем јас додека ја водам оваа Влада, рече Мицкоски.

Поврзани објави

Ковеси предупреди на влијанието на криминалните организации во политиката

EUinfo

ЕК подготви Упатство за ублажување на онлајн ризиците по изборните процеси

EUinfo

Холандија се уште далеку од добивање нова Влада

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...