EU Info
Регион

Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

На средбата министерот Муцунски ја потврдил посветеноста кон принципите и обврските што произлегуваат од членството во Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и другите релевантни правни инструменти. Во тој контекст ја нагласил важноста од почитувањето и спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Соговорниците разговарале и за реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди, како и за актуелните геополитички предизвици, со посебен акцент на војната во Украина, поддршката и солидарноста со Украина и значајната улога на Советот на Европа во тој контекст.

„На средбата беше изразено и очекување конструктивната соработка дополнително да се продлабочи во пресрет на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа“, велат од МНРиНТ.

Поврзани објави

Европратениците ги одобрија извештаите за Турција, Србија и Косово

EUinfo

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за укинување на визите за Србите од Косово

EUinfo

Ковачевски-Вархеји: Македонија има неповторливата шанса за придвижување напред

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...