EU Info
Преговори

Во Скопје регионална експертска конференција за Кластер 1

Во рамките на проектот „Правдата нека владее со регионот“ денеска во Скопје ќе се одржи Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“.

На овој регионален експертски дијалог се очекува да бидат разменети национални практики и знаења кои ќе придонесат за создавање и усвојување препораки во насока на подобрување на условите во оваа област. Исто така, се очекува да биде развиен документ со споредливи резултати и конкретни предлози за јавни политики упатени до клучните актери во процесот на пристапување во ЕУ.

Проектот „Правдата нека владее со регионот“е поддржан од Кралството Холандија (MATRA), а со своите активности за следење на преговарачките прашања опфатени со Кластер 1, има за цел да придонесе кон реформите во правосудството, безбедноста, превенцијата и борбата против корупцијата, како и за други прашања од витално значење за ЕУ-интегративните процеси во трите земји – Албанија, Северна Македонија и Србија.

Проектот се заснова на постојните структури на Националната конвенција за Европската Унија, партиципативен модел на дијалог кој функционира во Србија, Албанија и Северна Македонија што придонесува за демократизација на процесот на интеграција во ЕУ.

Поврзани објави

Шолц најави забрзување на процесот за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ

EUinfo

Албанија брзо се движи кон членство во ЕУ, со цел да ги заврши пристапните преговори до 2027 година

EUinfo

Министерот Николовски во Брисел на билатерални средби за Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...