EU Info
Политика

Евростат: Инфлацијата во октомври падна на 2,9%, најниска од јули 2021 година

Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври паднала на 2,9% од септемвриските 4,3%, објави денеска Евростат.

Инфлацијата во еврозоната сега е најниска од јули 2021 година.

Евростат проценува дека цените на храната, алкохолот и тутунот во октомври пораснале за 7,5 отсто на годишно ниво, како и цените на услугите – за 4,6 отсто, индустриските производи освен енергијата – за 3,5%, додека цените на енергијата паднале за 11,1% во однос на истиот месец лани.

Поврзани објави

Пуџдемон најави дека ќе се кандидира на каталонските избори во мај

EUinfo

Фон дер Лајен: Главна тема на Самитот на Берлинскиот процес ќе биде економијата на Западен Балкан

EUinfo

ЕУ за прв пат ги тестира своите сили за одговор на кризи

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info