EU Info
Политика

Европската комисија не дала доволно информации за зделките со набавката на вакцини против Ковид-19

Европската комисија не ѝ обезбеди на јавноста доволен пристап до информации за зделките за купување вакцини за Ковид-19 направени со фармацевтски компании за време на пандемијата, соопшти денеска Европскиот суд на правдата.

Ова се случува еден ден пред да се гласа во Европскиот парламент за кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на чело на Европската комисија.

Случајот го покрена група европратеници откако Европската комисија одби да им даде целосен пристап до договорите за вакцините за Ковид-19 склучени од извршната власт во ЕУ и производителите.

Поврзани објави

Француски медиуми за Шарл Мишел: Лицето на ЕУ во сенка на Фон дер Лајен

EUinfo

Луис Монтенегро го претстави составот на својата влада, а португалскиот претседател го одобри

EUinfo

АНАЛИЗА: „Прозорец на можности со затворени кепенци“

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info