EU Info
Политика

Раководството на партијата Алтернатива за Германија го избра Алис Вајдел за свој кандидат за канцелар

Копретседателите на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Тино Крупала и Алис Вајдел, се договорија Вајдел да биде кандидат на партијата за канцелар на парламентарните избори следната година, јави ДПА.

Но, засега договорот е само меѓу двајцата лидери, објаснува за ДПА Стефан Бранднер, член на патијата во Бундестагот. Тој допрва треба да биде одобрен од колективните тела на партијата.

Претходно, изданијата на медиумската група „Redaktionsnetzwerk Deutschland“ објавија дека извршниот комитет на АфД и федералната конференција на партијата планираат да гласаат за прашањето за избор на кандидат на почетокот на декември.

Не се очекува Вајдел официјално да зачекори во таа улога пред почетокот на новата година.

Следните избори во Германија ќе бидат во септември следната година.

Поврзани објави

Успехот на АфД во германските избори создава притисок врз фрагментираната ЕУ

EUinfo

Номинираниот еврокомесар за внатрешни работи најавува можно тројно зголемување на припадниците на Фронтекс

EUinfo

Австрија нуди финансиски стимулации за доброволно враќање на сириските бегалци

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...