EU Info
Политика

Европскиот парламент го суспендираше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Преговарачите на Европскиот парламент утрово покренаа постапка за суспензија на трговскиот договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, откако одлуката на Врховниот суд на САД ја доведе во прашање правната основа на договорот од 2025 година.

Повод за овој чекор беше пресудата дека дел од царините воведени од администрацијата на Трамп во 2025 година биле незаконски, по што Вашингтон најави нови царини од 15% на увозот.

Брисел бара гаранции од Вашингтон
Германскиот европратеник Берн Ланге, претседател на Комитетот за меѓународна трговија, изјави дека „правната основа целосно се променила“ и дека ЕУ бара јасна изјава од САД дека договорот ќе се почитува на подолг рок.

Договорот беше постигнат во јули 2025 година меѓу претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и Трамп, по повеќедневни тензии и закани со царини.

Според договорот, САД задржуваат трајни царини од 15% на извозот од ЕУ, додека поголемиот дел од американските производи имаат бесцарински пристап на европскиот пазар – нешто што дел од европските пратеници го сметаат за нерамноправно.

Итни разговори и дипломатска офанзива
Во понеделникот попладне европратениците одржаа итен состанок со еврокомесарот за трговија Марош Шеровиќ, кој викендов разговараше со американскиот министер за трговија Хауард Латник и трговскиот претставник Џејмисон Грир.

Шефчович изјави дека за ЕУ е од клучно значење да добие јасност за тоа како ќе се применува договорената царина од 15%.

„Договор е договор и мора да се почитува“, порача тој.

Што следува?
Гласањето во Европскиот парламент, кое беше планирано за оваа недела, практично е одложено. Се очекува евентуалното изјаснување да се одржи во март, доколку до тогаш се постигне дополнителна правна и политичка усогласеност.

Во меѓувреме, односите меѓу Брисел и Вашингтон повторно влегуваат во фаза на неизвесност, во момент кога глобалната трговија и онака е под притисок од нови геополитички тензии.

Поврзани објави

Европскиот парламент, популарните и десничарите го блокираат договорот за етичкото тело на ЕУ

EUinfo

ЕУ размислува за заедничко задолжување за финансирање на одбраната

EUinfo

Лајен ја нарече „гигантска грешка“ кампањата на Трамп против универзитетите

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info