EU Info
Регион

Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска попладне и утре ќе биде домаќин на хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјава и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија. Во фокус на разговорите ќе бидат и соработката во рамките на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

Грлиќ ќе биде пречекан од својот македонски колега во 16.15 часот пред Министерството за надворешни работи по што двајцата ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа е планирано да се одржи и билатерална средба меѓу двете делегации. Најавена е и прес-конференција на двајцата министри.

Поврзани објави

Соработка со Хрватската народна банка како дел од Програмата за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан

EUinfo

„Open Balkan ETC“ прераснува во „Toll For All“, иницијатива и платформа

EUinfo

Дигитализација на малите и средни претпријатија од Западниот Балкан

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info