EU Info
Општество

Штрајк на вработените на аеродромот „Брисел Шарлроа“

Сите денешни летови од и кон аеродромот „Брисел Шарлроа“ се откажани поради штрајк на аеродромскиот персонал. На овој аеродром слетуваат и авионите на директната релација од Скопје до белгискиот главен град.

Според електронското издание на весникот „Соар“, штрајкот се одржува поради незадоволство на аеродромскиот персонал од преоптовареноста со работа и од работните услови.

Синдикатите на персоналот на аеродромот Шарлроа соопштија дека за денеска се предвидени разговори со аеродромското раководство, откако вчерашните преговори, на кои учествуваше и валонската министерка за аеродроми Сесил Невен, завршија без договор.

Претставникот на Синдикатот на работниците, техничарите и вработените во услужните дејности (СЕТКА), Ален Геленс изјави дека не се оптимисти околу усогласување на конкретни решенија за проблемите што ги мачат работниците, но дека ќе продолжат со преговорите.

Според Карл Јерно од синдикатот Национална централа на работниците (ЦНЕ), станува збор за проблеми поврзани со условите за работа и „агресивниот однос“ на менаџментот, на кои синдикатите укажува веќе неколку месеци.

– Работниците не бараат повеќе пари, туку работни услови кои ќе ја гарантираат нивната благосостојба на работното место, изјави Јерно.

Целта на денешните разговори е да биде прекинат штрајкот и од утре аеродромот да биде ставен во нормална функција.

Поврзани објави

Во Европската Унија 22,9 отсто од компаниите користат онлајн продажба

EUinfo

ЕК работи на утврдување на климатските цели на ЕУ до 2040 година

EUinfo

Франција стана првата земја која го гарантира правото на абортус во Уставот

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info