EU Info
Политика

ЕС ќе расправа за проширувањето на ЕУ

На последниот состанок годинава, Европскиот совет денеска во Брисел ќе расправа за војната во Украина, проширувањето на ЕУ, ситуацијата на Блискиот Исток и миграцијата, се наведува во агендата на состанокот.

Состанокот на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ за првпат ќе го води новоизбраниот претседател на институцијата Антонио Кошта.

На средбата ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Се очекува разговорите да бидат опфатени со снабдувањето со оружје на украинската страна, можностите за заштита на украинската енергетска инфраструктура и спроведувањето на санкциите на ЕУ против Русија.

Од почетокот на рускиот напад на Украина, ЕУ му обезбеди на Киев вкупно близу 124 милијарди евра.

Учесниците на состанокот ќе разговараат и за можностите за постигнување договор за прекин на огнот меѓу Израел и Либан, како и за последните настани во Сирија по падот на режимот на Башар Асад.

Ќе зборуваат и за односите на ЕУ со САД и Велика Британија.

Планирано е да се разговара за подготвеноста на ЕУ за одговор на кризи, потребата од подобрување на безбедноста на надворешните граници и да се зголеми бројот на враќања на мигранти без основа за престој.

Разговорите најверојатно ќе опфатат проценка на настаните во Грузија и Молдавија по неодамнешните избори.

Поврзани објави

Орбан: Мелони не е само колешка, таа е моја христијанска сестра

EUinfo

ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година

EUinfo

ЕУ забрани да се користат лични податоци за рекламирање на социјалните мрежи

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info