EU Info
Политика

Шпанија не се согласува за отворање на центри за азил надвор од ЕУ

Владата на Шпанија денеска соопшти дека не се согласува со предлогот за создавање центри за азил во земји надвор од Европска Унија.

Шпанската министерка за труд Јоланда Дијаз од левичарската партија Сумар (Обединети), која е дел од шпанската владина коалиција, истакна дека не се согласува со идејата.

Додека портпаролката на Владата, Пилар Алегрија веќе категорично го отфрли таквиот план, наведувајќи дека шпанската миграциска политика веќе функционира.

На утрешниот Самит на ЕУ, на предлог на претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен ќе се разговара и планот за создавање на центри за азил во земји кои не се членки на Унијата.

Во Шпанија е во тек дебата за планот за користење на релативно нов, но речиси напуштен аеродром во централниот регион Кастиља-Ла Манча како прифатен центар за мигранти.

Изминатите месеци голем број мигранти, вклучително и малолетници, пристигнаа на Канарски Острови, шпански архипелаг во близина на брегот на северозападна Африка. Канарски Острови се залагаат за правична распределба на овие мигранти и поддршка од централната Влада.

Поврзани објави

Комитетот за здравство на ЕП иницираше анкета за здравјето на жените

EUinfo

Александар Стуб положи заклетва како претседател на Финска

EUinfo

Борел: Гласачите, поради страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info