EU Info
Политика

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“

Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска организираат конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“.

Конференцијата, што ќе се одржи на Правниот факултет, има за цел да се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Овие настани, како што нагласуваат организаторите, ја дефинираа траекторијата, суштината и отпорноста на нашето партнерство и го отворија патот на процесот на европска интеграција на земјава.

Обраќања на конференцијата ќе имаат министерот за европски прашања Беким Сали и амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, по што ќе следат два тематски панели за геополитичкиот контекст на проширувањето, улогата на младите и можностите за повторно активирање на европскиот пат, како и за владеењето на правото и економската конвергенција како неопходни темели за кредибилен и заслужен процес на пристапување.

– Конференцијата доаѓа во критичен момент за иднината на проширувањето на ЕУ и дава навремена можност не само да се размисли за постигнатиот напредок, туку и да се потврди стратешката посветеност на европската интеграција. Во контекст на еволуирачката геополитичка динамика и обновените дебати за улогата и кредибилитетот на Европската Унија, настанот има за цел да обезбеди платформа за суштински и напреден дијалог меѓу високи креатори на политики, дипломати, академски лидери и претставници на деловната заедница и младите, посочуваат организаторите.

Поврзани објави

ЕК со тужба против Шпанија поради несоодветна примена на правилата на единствената европска железничка област

EUinfo

ЕП го отфрли буџетот на Советот на ЕУ за 2025 година, почнуваат нови преговори

EUinfo

Мете Фредериксен – од евроскептик до убедена Европејка

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info